Еден од најдобрите природни начини во бор-бата со бронхитис и упорна кашлица е лекот од лист зелка со мед, оваа комбинација е моќно средство против кашлицата. Лекот може да го прочитате во продолжение:Листот треба да го ставите во врела вода да отстои неколку минути (претходно зелката треба да биде добро измиена). По отстојувањето, листот ќе омекне и ќе стане топол. Едната страна од листот премачкајте ја со мед.Едниот лист се става на белите дробови, а другиот на грбот во предел на белодробието, од двете страни. Се фиксира со најлонска кеса и со пешкир/шал и се остава лекот да делува преку ноќ. Наутро кожата се пребришува со влажна крпа или се испира местото каде што биле нанесени облогите.
Доколку имате почетен бронхитис, резултатот од лекот ќе биде видлив после првата употреба. Лечењето се спроведува 5 вечери по ред и наскоро од хроничната кашлица нема да имате ни трага.
Активните состојки на медот и зелката, а покрај тоа и топлината која што се постигнува со завиткувањето придонесуваат за лекување на кашлицата и ублажување на воспалителниот процес. Медот може да го замените и со топло рицинусово масло или да го користите наизменично во третманот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.