Дарен Флечер (41) имаше долга и успешна кариера во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ настапуваше од 2002 до 2015 година, одигра 342 настапи, освои пет шампионски титули во Англија и една во Лигата на шампионите.

Поранешниот репрезентативец и капитен на Шкотска стана татко во 2007 година, кога неговата сопруга ги роди близнаците Џек и Тајлер.

Двајцата тргнаа по стапките на својот татко и денес се големите надежи на островскиот фудбал. Згора на тоа, и двајцата се капитени на меѓународно ниво, но за различни репрезентации. Тајлер одлучи да игра за Шкотска, а Џек за Англија, земјата на неговата мајка.

Минатата недела и двајцата млади играчи ги водеа своите репрезентации до 18 години, а во 2023 година дури и играа еден против друг.

Двајцата се родени во Манчестер и имаат право да играат за двете земји, а се очекува за две години да донесат одлука за кого сакаат да играат на сениорско ниво.

Текстот Легендата на Јунајтед има близнаци, едниот е капитен на Англија, а другиот на Шкотска е превземен од МАКФАКС.