Јан Вертонген (37) на крајот од оваа сезона ќе ја заврши кариерата. Белгискиот дефанзивец и рекордер по бројот на настапи за белгиската репрезентација ќе ја заврши кариерата како играч на Андерлехт каде ги мина последните три сезони.

„Во последните неколку недели ми стана јасно дека ова ќе бидат моите последни натпревари. Одлуката не беше лесна, но е вистинската. Забележав дека ми е се потешко физички да се подготвам за тренинзи и натпревари и да се претставам како играч каков што сакам да бидам. Затоа ќе престанам по оваа сезона”, објасни Вертонген.

Вертонген ја започна својата кариера во Ајакс, каде играше од 2006 до 2012 година. Во првата сезона тој беше позајмен во Валвијк. Потоа мина осум години во Тотенхем, а пред Андерлехт играше и за Бенфика. За Белгија играше 157 пати, што го прави рекордер по бројот на настапи. Тој се повлече од националниот тим по Европското првенство во Германија.

Текстот Легендата на белгиската репрезентација заминува во пензија е превземен од МАКФАКС.