Легендарниот Франк Вилијамс, познат како тимски шеф во Формула 1 шампионат почина денеска на 79 годишна возраст.
Најдолговечниот тимски шеф во Ф1 во 2019 година стигна до јубилејните 50 години на највисоката функција водеше два тима во кариерата и стигна до девет конструкторски титули и седум титули кај возачите во неговите тимови во кариерата.
„Со голема жал за целото семејство на Вилијамс, основачот на Вилијамс Ф1 и поранешниот тимски шеф на Вилијамс Рејсинг, Сер Франк почина денеска на 79 годишна возраст. Откако беше примен во болница во петокот, утринава неговиот живот згасна опкружен од семејството. Франк на сите ќе ни недостига“, објавија од Вилијамс.