Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, се согласија дека е потребно итно спроведување на договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Лајчак го информирал соговорникот за средбата на главните преговарачи на Србија и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими во Брисел.
„Добро е да разговараме за последните случувања на Западен Балкан со специјалниот советник на Стејт департментот. Го информирав за дијалогот и средбата на главните преговарачи. Со добра волја се договоривме за потребата од итна имплементација“, напиша Лајчак на „Твитер“.
Good to discuss the latest developments in the Western Balkans with @CounselorDOS in Brussels. I updated him on the Dialogue and today’s Chief negotiators’ meeting. We agreed on the need for immediate implementation in good faith. pic.twitter.com/efh81RwHn5
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) April 4, 2023
Шоле на „Твитер“ изјави и дека ужива во разговорот за заедничка силна поддршка за дијалогот што ЕУ го води меѓу Косово и Србија и посветеноста на патот на Балканот кон интеграција во ЕУ.
Главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ, вчера по средбата со Бислими и Лајчак изјави дека за прв пат во последните неколку години во рамките на трилатералните разговори се наведени конкретни чекори за формирање на Заедница на српски општини. Се разговараше за општините, рече тој, како и дека е договорен текстот на декларацијата за исчезнати лица.
Бислими изјави дека на разговорите во Брисел начелно било договорено следната средба на високо ниво да биде на 22 април, нагласувајќи дека тој датум се уште не е сигурен.