Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.
Текстот Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос е превземен од МАКФАКС.