Со прекинот на производството на „Ламборгини авентадор“, поскапеа моделите со „В-12“ мотори, па така, постар модел на „Дијабло“ е продаден за речиси 380.000 евра.
Станува збор за „Дијабло ВТ“ од 1994 година – еден од само 150 примероци кои излегоа од погонот, којшто минал само 1.300 километри. Оваа верзија на „Дијабло“ првично се појави 1993., а во 1995 година се појави и тн. „роудстер“-теренец.
Автомобилот го придвижува 5,7-литарски „В-12“ мотор кој влече корени од моделите „Миура“ и „Каунтач“. Моторот е поврзан со петстепен рачен менувач, а силата се пренесува само на задните тркала. Автомобилот има и 17-инчни „О-зи“ тркала.
Цените на „Дијабло“ постојано растат, а истата состојба е и со моделот „Мурчелаго“, кој е и сѐ побаран на пазарот.