Фото/ macedoniahandball.com.mk
Ракометната репрезентација на Македонија продолжи со подговтките за Светското првенство. Ракомтниот Мундијал ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, во периодот од 14. јануари до 2.февруари.
Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15.јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот Македонија ќе игра против Холандија, а на 19.јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.
„Од 2012 година па до 2025 година имаме страшен континуитет што многу значи, настап на 14 големи натпреварувања во низа. Се надевам дека така ќе продолжиме.
Имаме позитивни искуства од Хрватска во 2009 и 2018 година, посакувам и сега да ја имаме поддршката на навивачите, да бидат нашиот осми играч. Јас сум умерен оптимист, и покрај тоа што се смени генерацијата. Имаме млади и одлични ракометари желни за докажување, имаме играчи со карактер.
Почитуваме секого на Светското првенство, но не се плашиме. Првиот противник ќе ни биде Унгарија, тоа е сериозна репрезентација, но мојата амбиција е секогаш да се оди на поеда“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Текстот Лазаров пред Мундијалот: Посакувам навивачите да бидат нашиот осми играч е превземен од МАКФАКС.