Пред заминувањето за Унгарија селекторот Кирил Лазаров го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на претстојното Европско првенство во ракомет.
Поради позитивни резултати на последното тестирање предводникот на националниот тим не можеше да смета на двајцата голмани Никола Митревски и Марко Кизиќ, а од истите причини првенството го пропуштаат Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ.
Дополнително се повикани двајца чувари на мрежата Градимир Чаневски и Благојче Трајковски. Според протоколот на Европската ракометна федерација играчите кои имаа позитивни резултати на тестовите во следниве пет дена ќе бидат во изолација, а потоа доколку во рок од 24 часа имаат два негативни теста ќе може да и се приклучат на репрезентацијата.
Првиот натпревар на првенството го играме в четврток, а противник ни е селекцијата на Словенија.
СПИСОК НА ИГРАЧИ
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски