Македонската машка ракометна репрезентација денеска го има собирот пред почетокот на ЕХФ неделата, која почнува од утре, а завршува на 7 ноември.
Селекторот Кире Лазаров повика 22 ракометари, од кои на денешниот собир ќе недостигнаат неколкумина, пред се оние кои настапуваат во Германија.
Македонија на 4 и 6 ноември во Каиро ќе одигра две контролни средби со Египет.
Ова е дел од подготовките за престојниот настап на ЕП во Унгарија и Словачка, каде Македонија е во група со Црна Гора, Данска и Словенија.