Нашата селекција во првиот од двата контролни натпревари успеа да го совлада Израел со 31:28 и да стигне до третиот триумф во низа во овој период пред заминувањето за Унгарија.
“Не изненади Израел, играат добар ракомет, но успеавме да ги победиме иако имавме слаби страни. Победата е добредојдена и позитивна, имаме време да ги поправиме недостатоците. Ваквите натпревари носат уште поголема самодоверба. Што се однесува до Жарко Пешевски тој е добар, уште утре треба да се приклучи на тимот. Имаше температура и поради тоа не сакавме да ризикуваме, дури дванаесет ракометари ги фати грип, но наскоро ќе се комплетираме”, истакна селекторот Кире Лазаров.
“Имавме слаби и силни страни. Ние тукушто се комплетиравме и добро ни дојде победата. Резултатот е позитивен и имаме време да ги поправиме недостатоците. Се приклучија Миркуловски, Кузмановски и еве Пешевски, па имаме уште седум-осум дена да тренираме комплетни, со што ќе ги поправиме недостатоците. Веќе имам 20 играчи кои ќе бидат во тимот, но треба да имаме повеќе играчи на собирите поради можните проблеми”, заврши предводникот на националниот тим.