Овенот никогаш не плаче по раскинување, Близнаците генерално немаат поплаки, а Рибите се на врвот на листата на најтажни поранешни партнери.
Љубовта е една од најубавите работи на светот. Меѓутоа, кога ќе дојде до раскинување, тагата останува, а потоа на површина можат да „излезат“ емоции кои не сме ни знаеле дека ги имаме.
Поради ова, луѓето различно се справуваат со раскинувањето. Со помош на астрологијата можете да научите многу за себе и какви бивши сте по разделбата.
Овен
Не е тип што плаче по претечено млеко. Без разлика дали било долга или кратка врска, тие знаат како да ја преболат. Иако сакаат да живеат со брзо темпо, немаат време за преиспитување, поголема е веројатноста брзо да преминат на следната врска.
Бик
Биковите се типови на кои им треба долго време за да се заљубат. Затоа, кога конечно ќе решат да се обврзат, тоа е затоа што му веруваат на другиот од дното на душата. Веројатно затоа на Биковите им е исклучително тешко да се справат со раскинувањата. Тие стануваат вид на бивши кои „заглавуваат“ на поранешните партнери и се сеќаваат на времето поминато со нив, неможејќи да продолжат напред.
Близнаци
Близнаците се бивши кои генерално немаат поплаки за прекинатата врска. Факт е дека тие по природа се отворени и безгрижни за сѐ што се случувало во врската што е зад нив, па и кога љубовта ќе помине, не се премногу потресени.
Рак
Раковите никогаш не го преболуваат бившиот. Тие се тип на личност која очекува да се случи чудо што повторно ќе ги спои со бившиот. Иако е нешто што никогаш нема да се случи, се чини дека никогаш не сакаат да ја прифатат новонастанатата реалност.
Лав
Лавовите изгледаат силно однадвор, но длабоко внатре се скршени од раскинувањето, без разлика дали тие раскинале или се оставените. Ќе прикажат одличен перформанс во кој ќе се преправаат дека не им е гајле, но едноставно не се од оние луѓе кои лесно ќе преболат дека сѐ е готово. Бидејќи се дарежливи и посветени партнери, најчесто не можат да се помират дека завршило нешто во кое тие вложиле толку многу.
Девица
Иако романтична врска им била целиот свет, Девиците нема да губат време преиспитувајќи се и жалејќи се за нешто што очигледно не вредело. Според нив, во животот има поважни работи од плачење поради нешто што не може да се поправи.
Вага
Вагата е таа која едноставно нема да може да ја прифати промената. За нив рамнотежата е сè и фактот дека нешто на што биле толку навикнати повеќе не постои, има тенденција да влијае на нивната ментална и емоционална стабилност. Веројатно тие ќе бидат оние кои ќе продолжат да се јавуваат или да испраќаат пораки за да ги убедат бившите да се премислат.
Скорпија
Секогаш кога Скорпиите се заљубени, тие се водени од страст и посветеност, што исто така ги прави исклучително посесивни кон партнерот, дури и по раскинувањето. Затоа, кога се во фаза на разделба, повеќе сакаат да ги шпионираат бившите отколку да продолжат понатаму.
Стрелец
Стрелците се оние кои не замеруваат, немаат очекувања и секогаш се во движење. Иако тие се тип на луѓе кои уживаат во различни авантури во својот живот, врските за нив се само уште едно истражување.
Јарец
Јарците се тип на бивши кои стануваат пресметливи во раскинувањето. Тие се оние кои постојано ги мерат предностите и недостатоците на веќе завршената врска. Прекумерното размислување е она што ги прави крајно параноични и едноставно се чини дека не знаат да продолжат понатаму додека не добијат некаква завршница која тие ја одобруваат.
Водолија
За Водолиите слободата е она што секогаш го бараат. Бидејќи повеќе не се обврзани со нивната врска, тие се всушност повозбудени од кога било. Иако можеби има моменти кога се сеќаваат на времето поминато заедно со нивните партнери, тие сепак сфаќаат што е најдобро за нив.
Риби
Рибите најчесто ќе бидат едни од најтажните поранешни партнери. Фактот што веќе направиле многу планови за иднината и подготвиле бројни романтични планови кои ќе ги реализираат со партнерите, ги тера да мислат дека тоа сега се неостварени соништа.