Укинувањето на санкциите наметнати на Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Advertisements
– Руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видео врска за нацрт за евентуален договор, истакна Лавров.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24 февруари инсистира западните санкции кон Русија да бидат посилни и истите да не бидат дел од преговорите.
Последните преговори помеѓу Украина и Русија лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли обвинувањата.