Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров отпатува во САД, а неговиот лет онлајн преку „Флај трејд“ го следеле три милиони лица.

Advertisements

Тој отпатува вчера попладне, а пристигна во утринските часови. Информацијата за интересот за летот ја сподели портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Летот на Сергеј Лавров од Москва до Њујорк на ’Флај трејд‘ истовремено го следеа повеќе од 700 000 лица, а вкупно три милиони. Рекорд!“, објави Захарова на својот телеграм-канал, пренесуваат руските медиуми.

Лавров денеска во Њујорк ќе учествува на еден од централните настани во рамки на претседавањето на Русија со Советот за безбедност на Обединетите нации – отворање дебата на тема за заштита на принципите на Повелбата на ОН.

Во вторник, пак, рускиот министер ќе биде дел и од седница на високо ниво во Советот за безбедност – отворање дебата за блискоисточните проблеми.

Очекувањата се дека за време на престојот на Њујорк, Лавров ќе се сретне и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.