Ако направите лава колач со сладолед ќе доживеете вистинска рапсодија на вкусови
Состојки:
четири јајца
120 гр шеќер
160 гр брашно
250 гр маргарин
250 гр чоколадо за готвење
сладолед по вкус
масло за подмачкување
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот. Во друг сад измешајте го маргаринот со растопената чоколада и убаво изматете. Помешајте ги двете смеси.
На крај во измешаната смеса додадете го брашното. Намачкајте ги калапите со масло и посипете ги со брашно за полесно да ги извадите колачињата. Наполнете ги калапите до врвот.
Се пече седум минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете со топка сладолед по вкус.