Стотици луѓе добиле негативни резултати на тест за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот.
Пропустот, што се случил за време на божиќните празници, како што велат од лабораторијата која ги вршела тестирањата, бил поради грешка во обработката на податоците.
Лабораторијата SydPath се извини, велејќи дека грешката, која погодила вкупно 886 луѓе, се случила затоа што работниците се соочиле со „невиден“ број тестови.
Прво 400 луѓе добиле информација дека не се заразени, а потоа следниот ден биле известени дека е направена грешка.