На годишното собрание на федерацијата, беше прифатен и извештајот за работата на федерацијата за 2020/21 година.

Претставниците на клубовите членки на собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.

Освен тоа, со 23 гласови „ЗА“, на годишното собрание кое беше одржано денеска во хотелот Лимак во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/21.

Претходно, претставниците на клубовите ги усвоија записниците од собранието одржано на 10 декември 2020 година, како и тој од дописното собрание на федерацијата кое беше одржано на 15 септември 2021 година.