Како празничен специјалитет, Ер-Би-Ен-Би понуди да изнајми куќа од култниот филм „Сам дома“, што за многумина ќе биде остварување на сонот од нивното детство.
Заинтересираните ќе можат да се обидат да резервираат куќа од вторник, 7 декември во 13 часот на платформата Ер-Би-Ен-Би, аранжманот е за четири лица, а ноќевање во оваа средина ќе чини 25 долари.
Како што навестува сценографијата на филмот, гостите во ова „сместување“ во најава ги очекува возбудлива авантура.
„За прв пат, тим од луѓе може да резервира одмор во безвременска куќа каде што започна приказната „Сам дома“ (овој пат без досадни натрапници). Поголемиот брат Баз од детството ќе преноќи во својот дом, додека семејството Мекалистер отсуствува за празниците. Гостите ќе уживаат во пријатна празнична сцена со совршена елка, многу стапици (но не грижете се – ќе ги поставите, а не ќе ги заобиколите), најдобрата пица во Чикаго и средба со тарантули. После тоа, седнете и уживајте гледајќи ја најновата празнична авантура од филмската франшиза“, велат од Ер-Би-Ен-Би и преку снимките ви даваат можност да ѕирнете во легендарната куќа.
Инаку, имотот од хит филмот денеска се проценува на два милиони долари.