Фото/ rkvardar.com.mk
Ракометарите на Вардар 1961, во рамките на третото коло во Лига Европа, ќе го пречекаат Порто.
Тренерот Владо Недановски има проблем со составувањето на тимот. На прес-конференцијата откри дека има неколкумина повредени, а вчера Вуко Борозан доживеал бизарна повреда. Црногорецот бил нападнат од кучиња скитиници во Скопје додека ги шетал своите деца.
„Вуко иам 14-15 конци на раката. Утре нема да игра, не знам и кога ќе можеме да сметаме на него“, рече Недановски.
Натпреварот во „Јане Сандански“ утре се игра со почеток во 20.45 часот.
Текстот Кучиња скитници го нападнале Борозан, нема да игра против Порто е превземен од МАКФАКС.