Фелипе Кутињо е на добар пат да ја напушти Барселона во јануарскиот преоден рок и да се врати во Англија, но не во Ливерпул од каде што дојде на „Камп Ноу“ туку во неговиот градски ривал, Евертон.
Бразилецот во 2018 година пристигна во Шпанија за сума од 135 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, поради што управата на Каталонците сака да се ослободи од неговата плата од 22 милиони евра, која е преголема за фудбалер кој не е стандарден првотимец.
Неговото евентуално заминување во Евертон ќе значи уништување на се што претходно направи во дресот на Ливерпул, каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата, со оглед што такво нешто тешко дека ќе му биде простено од навивачите на „црвените“.