Двајца мажи од кичевското село Трапчин Дол се лишени од слобода откако 16-годишно момче било повредено од куршуми испукани при семејна веселба.
Како што информира МВР, на 22 јули околу 2:30 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52). За време на славје во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. пукал неколку куршуми од пиштол, кои по одбивање од подот повредиле момче од селото Стрелци.
Повредениот бил веднаш пренесен во Општата болница во Кичево, а полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
Текстот Куршум се одбил од подот и погодил момче во Кичевско – пукање на прослава заврши со повреда е превземен од МАКФАКС.