Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид се уште не сака да се врати во белгиската репрезентација.

Питер Вилемс, извршен директор на Белгиската фудбалска асоцијација, отпатува во Мадрид за да се обиде да го убеди голманот повторно да застане на голот на Белгија.

Сепак, голманот на Реал остана на својот став. Тој одби да се врати се додека селектор е Доменико Тедеско.

Куртоа го пропушти ЕП поради несогласувања со германскиот стручњак, а неговиот последен натпревар за Белгија беше во 2022 година.

Поради повреда на мускулот ги пропушти и последните четири натпревари за Реал.

Во последните две кола од овогодинешната Лига на нации, Белгија вечерва на домашен терен игра со Италија, додека во недела гостува кај Израел.

Текстот Куртоа нема да брани за Белгија додека селектор е Тедеско е превземен од МАКФАКС.