Косовскиот премиер Албин Курти ги информирал своите министри за средбите во Грција, но не спомена ништо за некаква кавга со Ковачевски, како што тврди Вучиќ. Кути само соопштил дека на вечерата истакнал оти членството на Косово во Европската унија нема алтернатива и оти е неопходно меѓусебно признавање со Србија. Ги навел и правата на малцинствата според европските конвенции.