Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ќе ги признае регистарските таблички од Србија дури откако ќе се увери дека Србија целосно ќе ја спроведе одлуката за слобода на движење на возилата со регистарски таблички од Република Косово (РКС).
-Оваа акција на Србија треба повеќе да се чита како конструктивна, а не како чекор кон нормализација. Тоа е повеќе маневар за српската држава, не за државата Косово, туку за властите во Белград. Нашиот став во однос на табличките беше поддржан на начелото на реципроцитет. Ќе продолжиме да бидеме начелни, принципиелни и ќе го поставиме прашањето за реципрочни државни односи кога нашата гранична полиција ќе документира и потврди дека Србија ќе ја спроведе својата одлука целосно, без пречки, рече Курти на седницата на косовската Влада.