Курдскиот лидер Демирташ осуден во Турција на 20 години затвор

Турскиот суд денеска го осуди курдскиот лидер Селахатин Демирташ на повеќе од 20 години затвор, заедно со други партиски функционери, за поттикнување протести во 2014 година предизвикани од нападот на Исламската држава врз курдскиот град Кобане во Сирија.

Демирташ веќе е во затвор.

Турската прокурдска Народна демократска партија (ХДП) на Демирташ се соочува со потенцијална забрана во посебен судски случај.

Како што јавува Ројтерс еден друг лидер на прокурдската партија, Фиген Јуксекдаг, беше осудена на нешто повеќе од 30 години затвор.