Барселона во осминафиналето на Купот на кралот ќе се соочи со Бетис, додека Реал Мадрид на домашен терен ќе игра со Селта Виго, беше одличено денес со ждрепка.

Бранителот на титулата, екипата Атлетик Билбао во осминафиналето ќе ја пречека Осасуна од Памплона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против второлигашот Елче.

Во останатите натпревари третолигашот Оренсе ја пречекува Валенсија, четвртолигашот Понтеведра на домашен терен игра против Хетафе, второлигашот Алмерија го пречекува Леганес, а осминафиналето го заокружува натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано.

Натпреварите од осминафиналето се закажани за 14 до 16 јануари.

Текстот Куп на кралот – Барса и Реал се домаќини на Бетис и Селта, Атлетико гостува кај второлигаш е превземен од МАКФАКС.