Европратениците гласаа за ефективна забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили, како дел од широкиот пакет мерки за борба против климатските промени.
Европратениците го поддржаа предлогот на Европската комисија да се воведе 100% намалување на емисиите на CO2 од новите автомобили до 2035 година на Стариот континент.
Најмногу лобираа германските претставници кои се плашеа дека тамошната автомобилска индустрија ќе изгуби 500.000 работни места со преминот кон ЕВ.
Патниот транспорт е одговорен за околу 20% од емисиите на CO2, од кои 70% доаѓаат од приватни автомобили и комбиња.
Нема простор за грижа?
Еврокомесарот за клима, Франц Тимерманс вели дека возачите со просечни примања не треба да се грижат, бидејќи електричните автомобили се веќе поевтини од конкурентите, земајќи ги предвид трошоците за одржување.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.