Србија не е закана само за Косово, туку и за целиот регион на Западен Балкан, смета експертот за безбедност, Илир Кула. Тој дури вели дека зад агресијата врз Косово стои српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Постојат два концепта: реална закана и потенцијална опасност. Не гледам реална закана, но потенцијалниот ризик за дестабилизација, вклучување на енклави лоцирани внатре во Косово, тоа е нешто што секој го има во својот ум и во реалноста. Верувам дека институциите се толку силни и толку добро ќе соработуваат со меѓународните партнери што во овој дел не верувам дека ќе имаме толку наивно однесување за да заборавиме која е вистинската Србија. Затоа што вистинската Србија е вистинската закана за балканскиот регион, не само за Косово“, вели Кула.
Тој вели дека Русија има интерес да го дестабилизира балканскиот регион.
„Не го отстранувам сомнежот дека Русија има интерес да создава други фокуси во конфликтите, но Русија е далеку, а Србите не се Руси. Да се каже дека Русите се виновни е да му се најде алиби на Вучиќ, овде вината има име и презиме. Терористички напад е извршен од организација, а не од држава, имаме работа со вистинска агресија. Се разбира, Русија има интерес од оваа дестабилизација“, додава Кула.
Кула рече дека Србија ја користи Заедницата на општини со мнозинско српско население за да формира српска држава во рамките на Косово.
„Сè додека не ми дадете признавање и ја користиш асоцијацијата за да влезеш, да создадеш српска држава на Косово, нема причина зошто да постои оваа заедница“, вели Кула.
Експертот за безбедност Кула вели дека меѓународниот фактор ја толерира Србија поради страв дека таа може уште повеќе да се доближи до Русија. Во меѓувреме, на вчерашната средба со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, дипломатската петорка побара деескалација на ситуацијата и нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Шкелзен Аќифи