Престижниот биотехнолошки сектор на Куба досега има развиено пет различни вакцини за Ковид-19, вклучувајќи ги Abdala, Soberana 02 и Soberana Plus – за кои официјалните лица во земјата велат дека обезбедуваат повеќе од 90 проценти заштита од симптоматска инфекција со коронавирус, кога се даваат во три дози.
Земјата со околу 11 милиони жители сè уште е единствената земја во Латинска Америка и Карибите што произведе домашна вакцина против вирусот Ковид 19.
Според американскиот CNBC, Куба вакцинирала поголем процент од своето население против коронавирус од речиси сите најголеми и најбогати нации во светот. Всушност, само Обединетите Арапски Емирати можат да се пофалат со повисока стапка на вакцинација.
Досега, околу 86 отсто од кубанското население е целосно вакцинирано против Ковид-19 со три дози, додека други седум отсто се делумно вакцинирани против вирусот, наведено е во официјалната статистика составена од Our World in Data.
Овие бројки вклучуваат и двегодишни деца, кои почнаа да ја примаат вакцината пред неколку месеци.
Здравствените власти во земјата овој месец воведуваат дополнителни вакцини за целото население во обид да го ограничат ширењето на омикрон, многу заразна варијанта на вирусот
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.