Кремљ соопшти дека нема причина да се очекуваат чуда од предложената трета рунда директни руско-украински мировни преговори и одби да даде каква било временска рамка за потенцијален договор за прекин на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Киев испратил понуда до Москва да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги забрза преговорите за прекин на огнот.

„Нема причина да се очекува каков било напредок во категоријата чуда – тоа е тешко возможно во сегашната ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Имаме намера да ги следиме нашите интереси, имаме намера да ги обезбедиме нашите интереси и да ги исполниме задачите што си ги поставивме од самиот почеток“, додаде тој.

Кога беше прашан дали може да даде индикација за тоа како Кремљ гледа на потенцијална временска рамка за можен мировен договор, Песков рече дека не може да даде никакви насоки за времето.

„Има многу работа што треба да се заврши пред да можеме да разговараме за можноста за состаноци на високо ниво“, додаде Песков еден ден откога Зеленски ја обнови поканата за средба со рускиот претседател, Владимир Путин.

Текстот Кремљ за мировните преговори со Украина: Не очекувајте чуда е превземен од МАКФАКС.