30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.
Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.
Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.
Текстот Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа е превземен од МАКФАКС.