Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг ја заврши сезоната поради повреда. Ирвинг ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, изјавија извори за ЕСПН.

Кајри Ирвинг, кој има 32 години, се повреди во првата четвртина во поразот на Маверикс од Сакраменто Кингс изминатата ноќ.

Одигра само 9 минути и имаше седум поени во првата четвртина и по еден скок и асистенција, а кога се повреди беше јасно дека нема да може да продолжи, па со еден потег ги воодушеви сите во салата. Застана на линијата за слободни фрлања, поентираше и замина во соблекувалната.

Ирвинг беше најдобриот играч на тимот, настапи на 50 од 62.натпревари на Далас. Има просек од 20 поени со 40 отсто реализиција во шутот за три поени.

Повредата на Ирвинг е уште еден удар за Далас, бидејќи надвор од теренот е и Ентони Дејвис, кој дојде во клубот како дел од трејдот на Лука Дончиќ.

Далас има скор од 32-30 и моментално е на десеттото место во Западната конференција, последното кое води во плеј-ин.

Текстот Крај на сезоната за Кајри Ирвинг е превземен од МАКФАКС.