Кога беше лансиран „Windows 11“, дојде со интегриран Тимс Фри, наместо со „Скајп“, и со тоа јасно беше дека „Мајкрософт“ планира да стави крај на оваа некогаш популарна алатка.

Одамна веќе ретко кој го користи „Скајп“, но овојпат „Мајкрософт“ конечно одлучи во мај да ја исклучи оваа платформа за комуникација.

Оваа вест ја открија корисниците, кои на најновата верзија на Windows им се појавуваат пораки дека почнувајчи од мај, Скајп повеќе нема да биде достапен.

„Продолжете ги своите повици и разговори во Тимс Фри“, стои во објавата.