Хрватската кошаркарска репрезентација доживеа тежок удар, за прв пат во историјата нема да учествува на Евробаскет, што ќе ги оддалечи уште неколку години од големите натпреварувања.

Клучниот пораз, Хрватите го доживеаја синоќа во „Јазине“ во Задар од Франција 80:83.

Со овој неуспех, Хрватска ги заврши квалификациите на третото место во групата Е, од која покрај Франција и Босна и Херцеговина, пласманизбори Кипар кој е еден од организаторите на ЕП.

Ова е трет пат по ред Хрватска да не се пласира на едно големо натпреварување.

Квалификациите за Светското првенство во 2023 година беа особено разочарувачки – тимот забележа само една победа и пет порази, завршувајќи на последното место во групата.

Најблиску до пласман на големо натпреварување Хрватите беа минатото лето кога одлични беа во претквалификациите за пласман на Олимписките игри победија на сите пет претквалификациски натпревари, вклучително и во Турција.

Сепак, на турнирот во Атина во решавачкиот меч за пласман во Париз, Хрватска беше сопрена од Грција предводена од Јанис Адетокумбо.

Следната можност за враќање на големата сцена ќе биде Светското првенство во 2027 година, квалификациите започнуваат ова лето.

Текстот Крах на хрватската кошарка е превземен од МАКФАКС.