Двајца кради вчера биле фатени додека вршеле кражба во фирма во селото Пепелиште, неготинско, соопшти МВР.

„На 26.03.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско. Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото“, велат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Крадци фатени на дело во неготинско е превземен од МАКФАКС.