Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.

Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип е превземен од МАКФАКС.