Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 10.50 часот и во 13.00 часот, ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско.

Тие се сомничат дека во периодот од 29.12.2024 до 30.12.2024 одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак.

Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Краделе од училиште во Криволак: уапсени две лица е превземен од МАКФАКС.