Кошаркарскиот клуб Партизан со скратен ростер отпатува во Франција, каде утре од 20 часот ќе игра против Асвел во Евролигата.
Од клубот за „Спорт клуб“ потврдиле дека Американецот Двејн Вашингтон има сипаници и дека поради ќе го пропушти дуелот со Асвел, но веројатно и некои од следните натпревари на црно-белите.
Колку долго Вашингтон ќе паузира? Тешко е да се каже, но за тренерот Жељко Обрадовиќ важно е инфекцијата да не се шири во тимот. Кај варичела, периодот на инкубација може да трае 10 до 20 дена, а пациентот е заразен еден до пет дена пред да се појави осипот и четири до пет дена откако ќе се појави осипот.
Покрај Вашингтон во авионот за Франција не се најде и Карлик Џонс. Репрезентативецот на Јужен Судан има проблем со пасошот, во клубот се надеваат дека проблемот ќе биде решен во текот на денот и дека тој вечерва ќе отпатува во Франција.
Според српските медиуми дуелот со Асвел поради повреди ќе го пропуштат Вања Маринковиќ и Френк Ниликтина, а со тимот отпатуваа Исак Бонга и Алексеј Покушевски кои имаат повреди и тренерот утре ќе реши дали тие ќе играат против Асвел.
Првиот натпревар меѓу овие тимови во Белград го доби Асвел со 82:79.
Текстот Кошаркар на Партизан има сипаници е превземен од МАКФАКС.