Клубовите со повеќегодишна евролигашка лиценца, в понеделник ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за следните чекори по новата криза со пандемијата.
Веќе се одложени неколку натпревари од елитното клупско натпреварување, а речиси секојдневно се појавуваат нови позитивни случаи во тимовите.
В понеделник, акционерите на ЕЦА преку видео состанок ќе разговараат за тоа кое е најдоброто решение во овој момент и можноста за промена на правилата поврзани со ограничувањата поради ковид-19.
Една од најважните точки ќе биде намалувањето на периодот на изолација, кој досега беше 14 дена. Ваков чекор веќе е направен во НБА лигата, но во Европа се бара многу подетална анализа поради различните правила во борбата против вирусот во секоја земја.
Друга можност за која ќе се разговара на состанокот е потенцијалниот прекин на сезоната на неколку недели, како и за други можни мерки за решавање на актуелната ситуација.