Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски ветува поликлиника во општината ако ја добие довербата на граѓаните. Косовски потсетува дека поликлиниката била ветувана и од актуелниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски, но тој не успеал да ја изгради.

„Првиот ден откако ќе бидам избран за градоначалник, веднаш ќе ја понудам општинската зграда за поликлиника. Ако досега важеше логиката нека се сноаѓа граѓаните, нека се лекуваат каде што ќе стигнат, сега ќе се сноаѓа општинската администрација. Тоа нема да влијае на квалитетот на работата. За да работи добро администрацијата, треба професионализам, мотив и желба, коишто во моментов во општината ги нема“, вели Костовски во интервју за порталот zoom.mk.

Тој смета дека има неколку опции каде може да работи општинската администрација, а владата ќе мора да го прифати неговиот предлог затоа што во спротивно ќе се соочи со гневот на бутелчани.

„Луѓето од Владата нема да си играат затоа што во спротивно ќе се судрат со гневот на сите граѓани. Мое мислење е дека после изборите оваа влада најмногу ќе издржи до нова година“, тврди Костовски.

Освен поликлиниката, Костовски ветува и уредување на коритото на реката Серава, кое ќе биде ќе биде убаво место за рекреирање на бутелчани како и изградба на нови паркови.

Костовски, кој е актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се кандидира за градоначалник на Бител бидејќи сака да го врати достоинството на бутелчани. Според него, тие се излажани и понижени од актуелниот градоначалник, Велимир Смилевски, кој не остварил ниедно ветување.

„Имам тим од стручни лица што ја познава состојбата во Бутел, којшто може да го спроведе проектот којшто е направен од самите граѓани, произлезен од анкета со над  четири илјади граѓани од секое населено место“, вели Косотовски.