Одделението за тешки кривични дела при Основното обвинителство во Пеќ, соопшти дека обезбедила одредени информации, кои би можеле да доведат до расчистување  на случајот со убиството на три лица во Дечани, но признаа дека истрагата „не е лесна“.

Advertisements

Вечерта на 26 ноември, три лица – меѓу кои двајца ученици – беа убиени кога во нив пукаше сѐ уште непознато лице додека тие патуваа со автобус во населбата Глоѓан, општина Дечани. Мотивот за пукањето сè уште не е јасен, но косовската полиција соопшти дека нема причина да се верува дека инцидентот бил терористички чин.

Обвинителството соопшти дека елитните единици „работат 24 часа“ на потрага по осомничениот напаѓач. Владата на Косово како награда за информација која ќе доведе до расветлување или обелоденување на овој случај нуди 20 илјади евра.

Прикажи повеќе