Севернокорејските власти го потврдија присуството на корона вирусот за прв пат од почетокот на пандемијата, објави денеска новинската агенција КЦНА.

Advertisements

Пјонгјанг воведе карантин низ целата земја, со цел да се обиде да го контролира вирусот што циркулира на планетата веќе две години, објави АП.

Засега не е познато за колку случаи станува збор, а некои експерти сметаат дека Северна Кореја би можела да побара помош од странство.

КЦНА наведе дека тестовите во неделата покажале позитивни примероци кај луѓе кои имале висока температура во Пјонгјанг, а исто така било потврдено дека биле заразени со сојот омикрон.

Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди остри мерки.

Северна Кореја ги одби вакцините кои и беа понудени преку програмата на Обединетите нации, Ковакс.

Оваа земја беше една од последните земји во светот без потврден случај на Ковид, пренесуваат светските агенции.