
Британскиот кантавтор Ед Ширан е позитивен на коронавирус, но ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.
Ширан на Инстаграм објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.
Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, потсетува Би-би-си.
Прикажи повеќе