Екипата на ЛА Лејкерс потврди пет позитивни случаи во изминатите 48 часа.
Расел Вестбрук, Ејвори Бредли, Малик Монк, Двајт Хауард и Тален Хортон-Такер се кошаркарите кои ќе паузираат во наредниот период. Ова носи нови проблеми за Френк Вогел, кој и така нема добар старт на тековната сезона со „езерџиите“.
Долгата листа на отсутни играчи ги натера Лејкерси да потпишат десетдневен договор со Ајзеа Томас. Искусниот плејмејкер ќе се докажува и ќе се бори за нов договор со екипата од Калифорнија.
Има и други екипи кои се соочуваат со слични проблеми. Многу заразени се пријавени во Торонто, Бруклин, Детроит и Милвоки, каде Јанис Антетокумбо е еден од позитивните кошаркари.