Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток Тор Венсланд денеска повика на регионална деескалација на конфликтот откако политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен во средата во Техеран.
– Изминатите денови разговарав со релевантните страни и држави во регионот, вклучувајќи ги Либан, Египет и Катар, со цел поддршка на регионалната деескалација. Испитавме и истраживме начини да го спречиме прелевањето на конфликтот, рече Венсланд во изјава за состојбата на Блискиот Исток што ја дистрибуираше УНСЦО.
Тој Ја истакна итноста за справување со зголемениот ризик од сериозна ескалација, што претставува суштинска закана за регионалната стабилност.
Ги испитавме тековните напори за посредување и деескалација на ситуацијата и истраживме начини за спречување на прелевање на конфликтот, нагласи Венсланд.
Специјалниот координатор на ОН ја потврди потребата од итна, координирана акција за да се спречи натамошно влошување на ситуацијата.
Клучно е да дејствуваме решително и колективно за да се справиме со непосредните закани и да поставиме основа за траен мир, вели Тор Венсланд.
Венсланд нагласи дека ќе продолжи со мојот активен ангажман со сите релевантни страни за поддршка на мирот и стабилноста во регионот“.
Иран го обвини Израел за убиството на Ханија, а Тел Авив не ја потврди ниту негираше улогата во смртта на политичкиот лидер на Хамас. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, изјави во средата дека Иран е „должен“ да ја освети смртта на Ханија.
Како што пренесува Тајмс оф Исраел, иранскиот врховен лидер Али Хамнеи наредил директен напад врз Израел по убиството на шефот на Хамас, Исмаил Ханије. Според извештајот од средата, тој и другите високи ирански претставници ветија дека ќе одговорат на атентатот на палестинскиот шеф во Техеран.
Цитирајќи тројца неименувани ирански функционери информирани за ова прашање, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, Њујорк Тајмс објави дека Хамнеи ја дал директивата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност одржан кратко откако беше објавено убиството на Ханије во средата наутро.
Како дел од наредбата, официјалните лица рекоа дека Хамнеи им рекол на командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и иранската армија да подготват планови за напад и одбрана „во случај војната да се прошири и Израел или САД да го нападнат Иран“.
Драган Мишев