Ова лето, на 7 август, македонската народна песна ќе одекне во Античкиот театар во Охрид, со концерт на фолк изведувач – Влатко Миладиноски, еден од најпочитувани вокали на македонската народна музика.

Под отворено небо, во магичната атмосфера на Античкиот театар, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски.

„Оваа вечер ќе биде посветена на сите што ја носат Македонија во срцето, на сите генерации кои со песните на Влатко растеле, се радувале, плачеле и се гордееле. Ќе се изведуваат најголемите хитови од неговиот богат репертоар, песни кои не се само музика, туку сведоштва за времето, народот и душата на оваа земја“, велат организаторите на настанот.

Картите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на: kupikarta.com и кај Аждер.

Текстот Концерт на Влатко Миладиноски на 7 август во Охри е превземен од МАКФАКС.