Брзата проценка на УНКТАД за влијанието на војната врз трговијата и развојот покажува нагло влошување на изгледите за светската економија, при што ситуацијата е особено алармантна за африканските и најмалку развиените земји.

Advertisements

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска предупреди дека конфликтот во Украина веројатно ќе го отежне пристапот до храна и гориво.

Во извештајот на Конференцијата се наведува дека првичните проценки укажуваат на „значително намалување“ на пристапот до храна и гориво, и покрај напорите да се спречат прекините во синџирот на снабдување со клучните производи, како што е пченицата.

Се додава дека околу 25 африкански земји, особено најнеразвиените, се потпираат на увозот на пченица од Русија и Украина.

Зголемените трошоци за транспорт на житариците и другите основни прехранбени производи, исто така, ги зголемуваат цените, што најмногу ги погодува најсиромашните земји.

Недостатокот на слободни капацитети во Африка ја ограничува способноста на овие земји да ги надоместат сите изгубени залихи, додека зголемените трошоци за ѓубрива ќе бидат дополнителен товар за земјоделците, се заклучува во извештајот на УНКТАД.

Изобилува загриженост поради двете фундаментални „Ф“ на пазарите на стоки – храната (food) и горивата (fuel).

Украина и Русија се глобални играчи на земјоделско-прехранбените пазари, кои претставуваат 53 проценти од глобалната трговија со сончогледово масло и семиња и 27 отсто со пченица.

Оваа ситуација, која брзо се развива, е особено алармантна за земјите во развој. Дури 25 африкански земји, вклучително и многу најмалку развиени земји, увезуваат повеќе од една третина од својата пченица од двете земји во војна. За 15 од нив уделот е над половина.