Тотенхем по само четири месеци го отпушти Нуно Еспирито Санто, официјално од денес, а неколку часа подоцна медиумите го најавија Антонио Конте за нов тренер.
На клупата на Тотенхем станува извесно дека ќе седне Антонио Конте, Италијанецот е во Англија и ги финишира преговорите со раководството на клубот.
Конте има усна потврда за договор, понудата е на маса а според првичните информации ќе има годишна плата меѓу 12 и 14 милиони евра.
Италијанецот работеше во Англија, во периодот од 2016 до 2018 година беше тренер на Челзи.