Алармот на „Сан Сиро“ е вклуен по елиминацијата на Милан од Феенорд во Лигата на шампионите. Лошата форма е пренесена и во Серија А.

Милан на последните три натпревари претрпе исто толку порази, што воопшто не им се допаѓа на навивачите. Милан се наоѓа на дветтото место во Серија А и речиси и да нема шанси да избори пласманв о Лигата на шампионите наредната сезона.

Тренерот Серж Консеисао се наоѓа под голем притисок, но во овој момент ја има поддршката од клубот. Ова го потврди директорот на „росонерите“, Џорџо Фурлани, тоа не се размислува.

Се шпекулираше дека Фурлани и Ибрахимовиќ имале вербална расправија и дека тензиите се на врвот, а генералниот директор на Милан одговори на сите овие обвинувања:

„Ние во тимот и клубот го делиме разочарувањето на навивачите. Мора да се обидеме да продолжиме и да бидеме добри до крајот на сезоната. Сите сме разочарани, но и обединети. Само преку единство можеме да излеземе од оваа ситуација. Нема несогласувања меѓу Фурлани и Ибрахимовиќ, нема дискусија за промена на тренерот. Треба да бидеме обединети и да работиме добро да ја завршиме сезоната“, изјави Фурлани.

Во следното коло Милан ќе игра против Лече.

Текстот Консеисао ќе остане тренер на Милан е превземен од МАКФАКС.