Во 1902 година „Бритиш медикал журнал“ објави необичен случај на брзо побелување на косата.
Една 22-годишна девојка била сведок на трагедија кога на друга жена ѝ било пресечено грлото и таа паднала пред нејзините нозе, според лекар од лондонската болница „Темперанс“. Следниот ден десната страна од срамните влакна ѝ побелела, додека левата останала црна. Оваа историска студија на одреден случај дава ужасно чуден (и брз) пример за инаку вообичаена појава: седите влакна изгледа како да се акумулираат кога сме под стрес. И не е само случајниот стрес она што го предизвикува ова – се чини дека испитите на факултет, децата и работниот притисок исто така ја менуваат бојата на нашата коса.
Но, со милениуми научниците најмногу се потпираат на анегдотски докази и интуиција за да го рационализираат овој феномен. Во отсуство на јасни докази, многу научници не верувале дека стресот може да ја побели косата, па наместо тоа, тврдеа дека промената мора да биде предизвикана од хемикалии или чудно однесување на имунолошкиот систем. Ретки случаи кога лекарите забележале брзо побелување биле извор на шок.
Неодамнешниот труд објавен во списанието „Природа“ може да стави крај на некои од овие аргументи. Во студијата, биолозите за матични клетки и регенеративните клетки од САД и од Бразил објавиле дека стресот навистина може да предизвика косата да го изгуби својот пигмент – и тие идентификувале клеточен пат преку кој може да се појави. За да го проучат тоа, истражувачите создале елабориран животински модел, кој во основа вклучува обиди за побелување на црнокосите стаорци, со лабораториски стресови. Тие пробале три различни тактики: стрес од воздржаност, хроничен непредвидлив стрес и стрес предизвикан од ноцицепција, кој е предизвикан од физичка болка (или закана од неа). Секој од нив успешно ја побелувал косата на стаорецот. Можеби не е изненадувачки, но стресот предизвикан од ноцицепција, кој научниците го стимулирале со инјектирање резинифератоксин, аналог на соединението капсаицин од чили пиперката, дејствувал најдобро и најбрзо.
Откако го идентификувале оптималниот начин да предизвикаат паника кај стаорците, почнале да бараат соодветни промени во физиолошките патишта што доведуваат до бојата на крзното кај стаорците. Тие биле особено заинтересирани за однесувањето на два вида клетки: диференцирани меланоцити, кои произведуваат пигмент во косата и кожата, и матични клетки од меланоцити, суровина од која се развиваат меланоцитите. За да го набљудуваат секој од нив независно, истражувачите им инјектирале на своите мали испитаници супстанција слична на лута пиперка, кога крзното на стаорците активно растело. Во тој момент од циклусот на раст на косата, диференцираните меланоцити природно се собираат во фоликулите на косата, додека матичните клетки на меланоцитите се собираат заедно во посебен простор.
Пет дена по инјектирањето, крзната на стаорците останале црни. Диференцираните меланоцити во фоликулите за коса продолжиле да ја испумпуваат бојата. Но, во многу фоликули, префорсираните матични клетки од меланоцити биле „целосно изгубени“, велат истражувачите. Притиснати од напливот на норадреналин, невротрансмитер кој се зголемува како одговор на стресот, постојните матични клетки се размножиле толку брзо, што потоа целосно исчезнале. Следниот пат кога крзното на стаорците пораснало, немало матични клетки од меланоцити во овие оштетени фоликули, па никнале бели влакна.
– За само неколку дена резервоарот на матични клетки што регенерираат пигмент беше исцрпен. Загубата беше трајна. И штом ќе исчезнат, пигментот повеќе не може да се генерира – изјавил Ја-Чие Хсу, професор по регенеративна биологија на „Харвард“ и постар автор на студијата.
Но, постојат многу други начини на кои косата може да ја изгуби својата боја. Еден труд од 2018 година посочил дека прекумерниот имунолошки одговор може да ги уништи меланоцитите и меланоцитните матични клетки кај стаорците, избелувајќи го нивниот слој. Одредени лекови за рак на кожата ја прават транспарентна косата на некои пациенти. Лекарите мислат дека тоа е знак оти нивните тела реагираат позитивно на лекот. Исто така, и генетските патишта, еколошките патишта и мутациите можат да играат улога.
Косата сè уште крие многу тајни. Не знаеме зошто опаѓањето на косата се одвива поинаку на нечиј скалп отколку на лицето или на грбот, на пример. И, за жал, и покрај случајот со споменатата Англичанка на почетокот, лекарите сè уште не се согласуваат со „canities subita“ – спорниот феномен каде што косата побелува преку ноќ.
Во последниве години има наплив на истражувања и развој за решенија против ќелавост – и многу од нив се ветувачки.
Извор: popsci.com